Ивана Стојанова е нов в.д. директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип

Библиотекарката Ивана Стојанова е нов в.д. директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип. Ова е трет в.д. директор на Штипската библиотека за година и половина. На почетокот на 2022 година на функцијата дојде Тодор Џидров, кој раководеше со оваа институција, а од септември 2022 на истото место беше Билјана Миладиновска.

Стојанова беше библиотекарка во оваа установа, а на местото в.д. директор е од овој месец.

Ребека Спасова М-Нет