Со свечен перформанс Библиотеката во Штип одбележа 120 години од смртта на својот патрон

Со музички перформанс и литературно-поетско читање НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип одбележа 120 години од смртта на својот патрон, Гоце Делчев. На настанот учествуваа ученици од основните и средните училишта во Штип.

„На почетокот на својата работа во 1945 година Библиотеката била сместена на просторот на сегашниот Дом на култура „Ацо Шопов“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Оттогаш била преместувана на неколку локации сè до 4 мај 1978 година кога почнала со работа токму овде. На почетокот сме имале околу 1.000 записи, а денес имаме над 263.000 записи“, истакна Ивана Стојанова, в.д. директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип.

Модератор на настанот беше библиотекарот Тодор Џидров. Ова е еден од настаните со кои Библиотеката редовно ги обележува значајните настани поврзани со нивниот патрон Делчев.

Ребека Спасова М-Нет