И по 22 години болката е голема – оддаден чест на Петров и Двојаковски пред спомен обележјето во Штип

Иста болка цели 22 години – вака мајката на Влатко Петров, кој загинал во 2001 година со солзи во очите раскажува за годините поминати без нејзиниот син. Свадбата не ја дочека го донесоа во ковчег, а држвата вели не им направи ниту достоинствени споменици. Разочарана од третманот на државата за прерано загинатите борци, вели не очекува ситуацијата да биде подобра. Благодарна е што сега барем во Чардаклија спортското игралиште го носи името на нејзиниот син.

„Болката стои сѐ уште и после 22 години, но не сум задоволна за условите кои ги има од нашата држава. Нашите деца никој не ги почитува како бранители, како загинати за оваа држава. Колкав споменик направија во Скопје, нашите деца немаат ни споменик, ништо. Сега сум благодарна од градоначалникот во Чардаклија што направија игралиште и го стави името на Влатко Петров“ – вели Петрова.

Со едноминутно молчење и положување свежо цвеќе во паркот Кр`теке во Штип, и по 22 години повторно им се оддаде почит на прерано загинатите Димитар Двојаковски и Влатко Петров.

„22 години живее споменот и славата за овие херои. Општина Штип и годинава се вклучува во одбележувањето на денот на нивното загинување. Положувањето цвеќе пред нивното спомен обележје е само скромен и мал, симболичен знак на почит кон нив во однос на нивната најголема дадена жртва што еден човек може да ја даде – а тоа е нивниот живот.“ – Петорва.

Димитар Двојаковски е роден на 22 април 1972 година во Нова Горица во Словенија, а семејоството Двојаковски по потекло е од Берово. Влатко Петров е роден на 23 јули 1977 година во штипското село Чардаклија. И двајцата животот го загубиле во кумановско Ваксинце на 3 мај 2001 година.

Лаура Стојанова М-Нет