
Проблемот со снабдување со електрична енергија не е застапен само во Ромското маало во Општина Виница. Со ист проблем се соочуваат и жителите на ул.„Митко Беќарски“ во Општина Кочани. И тие велат дека и покрај тоа што плаќаат редовно сметки за струја, сепак во 21 век се оставени без електрична енергија, неможејќи да ги задоволат основни услови за живот, а воедно претрпуваќи огромна штета.
Првиот човек на Општина Кочани, Илијев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека и покрај тоа што не е во негова надлежност, тој се залагал за граѓаните во овој дел на град Кочани да бидат снабдени со електрична енергија. Телефонски се обидовме да ги добиеме и од ЕВН Кочани, но сите контакни линии беа зафатени. Граѓаните апелираат проблемот да биде решен, бидејќи последиците од немањето струја се огромни.
Лаура Стојанова М-Нет