
За неполна недела ден треба да се одржи познатата традиција за штипјани „Четрсе“. Оваа манифестација со искачување на Исарот, ракување со 40 луѓе кои ќе ги сретнете и низа други активности поврзани со празникот „Свети 40 маченици“, годинава ќе биде изоставена. Заради пандемијата градоначалникот на Општина Штип, Николов, но пред се и како доктор истакна дека ќе се поднесе предлог овој настан да биде изоставен.
„Мислам, не мислам туку и ќе го предложам тоа на Кризниот штаб, „Четрсе“ нашата штипска традиција, вековна традиција ја сопреме оваа година, односно не ја сопираме туку нема да се организира со цел да не направеме кластер.“ – истанка Николов.
Вековната традиција за штипјани „Четрсе“ не се одбележа ниту минатата година кога пандемијата беше на самиот почеток. Годинава неговото одложување е со цел да не се направи нов корона кластер.