Зрновски праз на пазарот во Облешево, производството и квалитетот задоволителни оваа година

Празот во изобилство застапен на пазарот во Облешево. Љупчо Атанасов од село Зрновци веќе подолго време се занимава со земјоделство, но како што вели пред камерите на М-Нет телевизија само за себе и за своето семејство. Ако годината е добра и има повеќе производство во тој случај продава на пазарот во Облешево. Како што вели Атанасов оваа година условите биле погодни за производство на праз, а цената е во зависност од квалитетот.

„Производството имам малку колку за мене, ама што останува го носам на пазарот. Јас го продавам по цена од 450 денари, различно е има праз од 400 до 600 денари.“ – рече Атанасов.

Но, високата цена на ѓубривата како и фактот дека се помалку има кој да работи го намалува производството на праз. Младите не работат, старите не можат, а ако се работи добро исплатливвост има дециден е Атанасов. Кога е во прашање наводнувањето вели во Зрновци вода имало и тоа дополнително придонесува за да се произведе најдобриот праз.

„Ѓубривата се скапи, вода имаше кај нас во Зрновци има вода. Испалаќа се да се работе ама кој може да работе, ние стари веќе не можеме да работеме. Ама народ не остана“ – вели Атанасов.

Пазарот во Облешево денеска беше за нисјанса подобар од претходниот вторник. Зеленчук и сезонско овошје беа на листата најбарани производи.

Лаура Стојанова М-Нет