
Изминатиот викенд борачите на борачкиот клуб Олимпија од Штип настапија на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Сува Река во Косово, од каде се врати со еден златен медал и два бронзени медал.
Филип Тодоров кој освои златен медал за М Нет телевизија истакна дека конкуренцијата била одлична.
„Викендот настапувавме на Меѓународен турнир во Косово каде што имаше клубови од Кипар, Бугарија, Турција, повеќе тимот од Косово и Македонија. Имаше добра конкуренција каде што настапував на категоријата до 72 килограми. Имав четири борби, од кои четири ги победив со технички туш односно 10:0. Имаше добра конкуренција и со тие победи успеав да освојам златен медал“, изјава за М Нет младиот Тодоров.
Леон Стојанов и Лука Николов освоија бронзени медали на турнирот во Косово, а на кој Олимпија настапи со четири борачи.
„Настапувавме вкупно четири борачи од кои што имавме еден златен и да бронзени медали. Леон Стојанов настапува на 73 килограми и освои бронзен медал и Лука Николов настапува на 65 килограми и бронзен медал“, рече Тодоров.
Младиот и успешен борач Филип Тодоров истакна дека во план се за настап на уште неколку Меѓународни турнири до крајот на борачката сезона.
Александар Ванев, М-Нет