
Земјоделците од беровско се закануваат со можни протести доколку не започне откупот на беровскиот компир. Како што велат подрумите се полни со домашен компир кој скапува, а на сметка на тоа се увезува поевтин но и не толку квалитет компир. Ова е главната причина поради која најголем дел од земјоделците дел од нивите ги оставаат празни. Иако како што велат реагирале и претходно и надлежните се запознаени со проблемот, сепак решение нема. Бараат под итно да се стави крај на увозот на компир со цел да може да се продаде домашниот беровски компир.
„Сега ако не се продаде компирот мора да излеземе на протести за да се најде начин за продажба.“ – вели Стоилковски.
Проблемот се провлекува последните четири години, земјоделците го намалуваат производството, но сепак ова им е единствена шанса за егзистенција. Како што велат мора да работат за да може да преживеат. А со сегашната ситуација не можат да купат ѓубре, да ги покријат основните трошоци и да продолжат со работа. Дополнително се што е произведено скапува наместо да се продава
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет