
Во екот на грејната сезона е и правењето на традиционални стари македонски специјалитети. Зелникот кои од памтивек е на трпезата на македонецот и денес е опција за појадок ли ручек, на кој никој не останал одолив. Анкетираните штипјани за М-нет велат дека покрај што оганот го палат за да се стоплат во ладната зима, тие често подготвуваат зелник. Истакнуваат дека сега е сезоната за да се извадат сукалките и софрите од нивните прадедовци.
“Е како не, зелник со прасче, a за да биде сочно се ставе малку и орисче. Зависи некој со ладна, некој со топла.”,велат граѓаните
Сукањето и подготвоката на традиционалниот зелник штпјани велат дека ги научиле од нивните мајки и баби, па децидни се сега нема кој да ги наследи, кога станува збор за пренесувањето на ваквата традиција на младите.
Инаку, овој специјалитет има многу старо потекло и има елементи од труската кујна. Се подготвува во мрсна и посна варијанта, а истиот е нераскинлив дел од бадниковата трпеза.
Лаура Стојанова, М-Нет