Здравков по победата над Слога Виница: Трите бодови се многу важни – фокусот е на следниот меч!

Екипата на Детонит Плачковица со минимални 1:0 славеше над Слога Виница, во меч каде стрелец на победничкиот гол беше Сашо Дуков.

Тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков за М Нет телевизија вели дека е задоволен од прикажаното и освоените шест бодови по трите кола.

За мене со Слога Виница рече дека е одиграле меч против тежок противник, искусен тим, но е задоволен, а веќе фокусот е на мечот со Беласица.

„Најважно е за нас е дека победивме, најважни се трите бодови. Натпреварот беше доста тежок за игра бидејќи имавме искусен противник кој знае што сака. Едноставно во првото полувреме бевме доста подобри, покрај голот што го постигнавме имавме уште три четири 100% шанси погодивме и пречка со која што можевме да направиме и поголема разлика. Во второто полувреме некако малку бевме уплашени, не се решивме да го чуваме водството, но бевме внимателни и чекавме шанса на контра и полуконтра и успеавме да се одбраниме. За мене најважно е дека освоиме три бодови и дека противникот не ни направи ниту една шанса за гол во текот на целите 90 минути, така да сум задоволен од натпреварот. Мораме да бидеме задоволни од овие шест бода кои ги имаме во моментот, од друга страна не сакам многу да го коментирам натпреварот во Јегуновце затоа што реков и после натпревар доста сум разочаран од самиот судија, можеби во една таква ситуација можеби требаше да имаме бод или три, бевме драстично оштетени, но тоа е што е фокусот го ставаме на нашите следните натпревари. Сега ни следува доста тежок натпревар со Беласица која е претенден за влез во Прва лига, доколку играме во вечерните часови, тоа сигурно ќе биде сигурно мотив плус за самите фудбалери ќе биде секако посвежо. Имаме и доволно време да се подготвиме ќе имаме ден плус за работење, така да ќе влеземе подготвени за овој натпревар“, вели Горан Здравков за М Нет.