
Здравата исхрана, доволно вода и редовното движење се важни за добро здравје. Тоа го знаат и повозрасните граѓани, кои велат дека внимаваат што јадат, пијат доволно вода и се трудат да бидат активни. Велат, си наоѓаат занимација и се движат колку што можат, за полесно да ги издржат промените на времето и годишните времиња.
Можеби се мали и едноставни навики, но токму нивното секојдневно практикување може да направи голема разлика за здравјето и добрата кондиција. Со малку повеќе внимание во изборот на храната, редовна хидратација и повеќе движење, секој може да придонесе за подобро здравје и поголема виталност.
Ева Тушевска, М-Нет