
Зголемен водостојот на реката Брегалница после последните врнежи од дожд во истокот. Штипјанецот Киро Маџунаров, кој речи си три децении го мери водостојот на реката за М-Нет телевизија рече дека само во претходниот месец 15 дена водостојот изнесувал 64 сантиметри. Кога би се зеле во предвид првите три месеци од оваа година ,односно јавуари, февруари и март, Маџунаров вели дека внајмногу водостој придонел месец март со 76 литри.
„Последното мерење сабајле во 7 часот изнесуваше 130 сантиметри. Иако за овие последни неколку денови што беа врнежливи водостојот не се промени. Само ќе ви кажам еден податок за Брегалница дека во месец март, 15 дена имаше 64 сантиметри. Водата во река Брегалница е одраз на врнежите. Можам слободно да кажам дека во месец февруари имаше само еден литар врнежи на метар квадратен.“ – вели Маџунаров.
Една од посушните година е минатата година истакна Маџунаров, додавајки дека било измерено околу 340 литри за целата година.
„Минатата година беше една од посушните години. Заклучно со месец ноември, еве на мерното место имаме измерено некаде околу 340 литри за цела година. Додека месец декември имаше 115 литри врнежи.“ – додава Маџунаров.
Според Кирил Маџунаров, реката Брегалница најмногу водостој имала во 2013 година, кога нивото на реката бил многу покачен и истиот изнесувал 413 висински столб, некаде околу 300 кубни метри проток вода во секунда.
Иван Митев, М-Нет