
Намален бројот на студенти во државата, а младите не губат време во Македонија, покажува статистиката на податоци од државниот завод.
И додека од една страна во државата се бележи пад на бројот на запишани студенти, од штипскиот универзитет Гоце Делчев велат дека последните години кај нив има благо покачување на оваа бројка. Ректорот Дејан Мираковски, за М-Нет телевизија потврдува дека штипскиот универзитет е стабилен, кога станува збор за запишани студенти.
“За среќа Универзитетот Гоце Делчев во Штип, веќе неколку години по ред практично е стабилен и немаме драстично намалување на студенти, напротив дури последната година имаме благо зголемување на некоплку проценти на бројот на новозапишаните студенти. Веројатно повеќе причини се зад намалувањето што се случува, почнувајќи од демогравски причини, високиот степен на миграција на младите луѓе од нашата држава и сигурен сум дека ова прашање ќе мора да се решава комплексно не само од страна на универзитеите, туку и од страна општеството и државата“ , вели Мираковски
Како држава, Македонија може да понуди соодветни услови за работа и живот, додава Мираковски и едногласен е дека секогаш треба да се стремиме на работа и подобрување.
“Живееме во еден глобален свет, во кој навистина е многу подигнат степенот на мобилноста на луѓето на високо образованите и лесно можат да се движат низ тој глобален свет. Очигледно е дека треба да направиме напори како општество да им обезбедиме услови слични на тие што ги имаат во земјите каде што мигрираат најчесто. Сигурен сум дека и нашата држава како земја која што навистина има многу работи да работиме и поправаме, сигурен сум дека можеме да им понудиме соодветни услови и за работа, но и за живот и перспектива, посебно од аспект на глобализацијата“ , додава Мираковски
Инаку, за само 2,8 проценти е намален бројот на студенти во изминатата година на ниво на државата. Според податоците на државниот завод за статистика, запишани се вкупно 52.316 студенти од пристигнатте извештаи во државата. Околку 80 проценти од запишаните студенти се адаптираат на државните универзитети, додека само 20 проценти се насочуваат на приватните. Заклучно со целата ситуација до моментот, според статистиката на годишно ниво се иселуваат околу 2.500 образовни лица, а тоа значи дека во нивното образование е инвестирано околу 725 милиони евра.
Лаура Стојанова, М-нет