Зголемен бројот на прекрошоци на возачи кои возат со брзина поголема од дозволената

11 прекршоци констатирани во изминатото деноноќие на автопатот Штип Миладиновци, во спорведената контрола за возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Овие контроли се вршат секојдневно информираат од Секторот за внатрешни работи Штип, со цел воспоставување на ред во сообраќајот по патиштата во државата и подигање на свеста на возачите. Имено, на 17.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на автопатот Штип -Миладиновци (од клучка Кадрифаково до клучка Преод), полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани 11 прекршоци и на возачите им биле изготвени прекршочни платни налози. Санкционирани биле и два останати прекршоци.

СВР Штип и понатаму продолжува со препораките до граѓаните да не ги надминуваат дозволените ограничени брзини при управување на моторно возило, како и да ја почитуваат патната сигнализација, особено сега при ниски температури кога има појава на слаба магла изутрина, како и голомразица. На сила сеуште е и одлуката за поседување зимска опрема. Со претпазливо и внимателно возење се зголемува безбедноста при патувањето, и се намалува бројот како и последиците од несаканите сообраќајни незгоди.

Лаура Стојанова М-Нет