
Зголемен бројот на заболувања слични на грип во Општина Штип, но се уште има низок интезитет на висрусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје Штип, во периодот од крајот на месец септември 2024 година до крајот на годината регистрирани се 17 пријави на заболени лица со грип или заболувања слични на грип. Најчесто пациентите се од 15 до 64 години.
„Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 52 недела од 2024 година во Општина Штип пријавени се 17 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 16 лица се на возраст од 15 до 64 години, 1 заболено лице е кај деца на возраст од 5 до 14 години. Не се регистрирани заболени лица во возрасните групи од 0 до 4 години и над 65 години.“ – стои во сооштението од штипскиот центар за јавно здравје.
Од таму потенцираат дека се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, но се уште е под неделната граница за сезонска активност. Согласно овие податоци во Општина Штип има низок интезитет на висрусот на грип.
На ниво на државата пак бројот на пациенти заболени од грип е двојно зголемен. Пикот на вирусот се очекува кон крајот на месец јануари и во месец февруари, бидејќи како шти велат лекари вирусот брзо се шири покрај празниците.
Советуваат граѓаните да водат грижа за сопственото здравје и во случаи кога чувствуваат симптоми на грип да седат дома.
Лаура Стојанова М-Нет