
Зголемена фрекфенција на пациенти на вакциналниот пунк во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Причина за ова е уписот во прво одделение, како и уписот во градинка за што се бара потврда за уреден вакцинален статус.
„Овие денови пред уписите во градинка ние имаме зголемена фрекфентност на пациенти. Тоа се дел од родителите кои заради нивни лични убедувања ја одложуваат вакцинацијата до моментот кога треба детето да се запише во градинка. За упис во прво одделение се бара потврда за уреден вакцинален статус. Тоа подразбира сите примени вакцини кои се задолжителни.“ – вели Миланова – Коцева.
Како што вели доктор Миланова – Коцева, кај нив нивото на имунизација е на задоволително ниво, односно е над 90%. Навремено се вакцинират дечињата од Штип и Карбинци.
„Процентот на имунизација речиси за сите вакцини кои се задолжители по националниот календар на имунизација е над 90%. Ова е на задоволително ниво.“ – додава Миланова – Коцева.
Вакциналниот пункт при здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип работи и втора смена со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните. Секоја среда вакциналниот пункт е отворен до 19 часот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет