
Борбата со Ковид – 19 не ја преживеа нашиот колега, новинар и уметник Драган Ристов. Познат за штипската јавност како човек со големо срце, сопруг, татко на две деца. Ристов е роден на 15 Јули 1973 година во Штип. Завршил факултет за новинарство на универзитетот св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Ристов 11 години се занимаваше со новинарството од 1992 – 2003. Неговите почеточи започнуваат на 19 години кога доброволно започнувал да волонтира во Канал 77. Потоа го завршува факултетот за новинарство и продолжува да работи во Канал 77. Ристов на македонската јавност и е познат по тоа што секоја година беше одговорен за прес конференцијата на забавниот фестивал „Макфест“. Тој за себе знаеше да каже дека е самоук уметник и аматер иако три ипол децении твореше најчесто само со молив и го истражуваше и практикуваше хипер реализмот, уметнички правец во визуелната уметност кој многу наликува на фотографирање со висока револуција. Неговите дела се изложувани неколку пати како на штипското платно така и во Париз. Новата изложба беше во најава за оваа година. Меѓутоа Ристов не ја преживеа болеста со Ковид 19. Од претходниот месец по сериозната од невидливиот непријател Драган беше хоспитализиран во клиниката „Жан Митрев“ и за негово лекување беа собирани средства преку донации. За жал Ристов не ја издржа битката и денеска почина во болнички услови.
Лаура Стојанова М-Нет