Засилени контроли за прекршоци сторени од пешаци – констатирани 189 прекршоци

Вчера, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци. При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР Струмица по 32 и СВР Тетово со 27 прекршоци, извести МВР.

„Од вкупниот број констатирани прекршоци, 159 се однесуваат на небезбедно преминување на улица, односно преминување надвор од обележан пешачки премин или на место кое не е предвидено за преминување на пешаци. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 134 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улиците да ги преминуваат исклучиво на обележани пешачки премини или на други места предвидени за безбедно преминување и со своето однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот“, соопшти МВР.

Текстот Засилени контроли за прекршоци сторени од пешаци – констатирани 189 прекршоци е превземен од МАКФАКС.