Започнуваат форумските средби за креирање на Буџетот во Штип, догодина ќе се реализираат низа проекти

Од вечерва започнуваат форумските средби со преставници од урбаните заедници во Штип со цел креирање на Буџетот за наредната година. Во салата на Совет во општината граѓаните ќе може да даваат свои идеи, предлози кои понатаму ќе се анализираат, а дел од нив ќе влезат во Буџетот за наредната 2026 година.

„Започнуваме со форумските средби со урбаните заедници преку кои ќе ги осознаеме потребите на граѓаните, нивните предлози и идеи врзз основа на кои ќе се создадат предлозите и проектите за новиот Буџет. Во изминатиот период во општината има пристигнато многу предлози и идеи кои секако ќе бидат анализирани и ќе го формираме новиот Буџет“ – вели Јорданов.

Дополнително, наредната година се очекува да се реалзиираат голем дел капитални проекти во Штип, како обиколницата, булеварот „Гоце Делчев“, паркот „Иднина“. Ќе се работи и на инфраструктурата, реставрација на тврдината Исар, како и на проекти кои ќе бидат од значење за граѓаните.

„Во 2026 година ќе се гради нов булевар, продолжување на постоечкиот булевар „Гоце Делчев“, обиколницата ќе биде завршена, паркот Иднина, нови катни гаражи во централното градско подрачје кои ќе придонесат за зголемување на паркинг просторот, нови сообраќајници“ додава Јорданов.

Вечерва започнуваа средбите со граѓани од урбаните заедници Славчо Стојменски, Три Чешми, Железничка, 8-ми Ноември, Брегалница, Баби, Тошо Арсов и Караорман.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет