Започнува сеењето на зеленчук, земјоделците подготвени, се очекува плодна година

Започнува сезоната за сеење на зеленчук за оваа година. Земјоделците подготвени, од следната недела да започнат со производство на добар расад од семенска роба. Оваа година најмногу ќе се посее домат и пипер, а потоа краставица и зелка. Работата е макотрпна ќе речат тие, ама сепак велат дека има за живеачка.

“Од другата недела започнуваме доста активно. Имам околу 25 декара, што значи дека ќе сееме најмногу домат, околу 8000 корена, пипер четири декари, зелка три декари. По малку ќе се сее модар патлиџан, везен пипер. За да има добар квалитет, мора робата да е семенска.“, велат земјоделците

Од десет до 15 дена се потребни за да извникне самиот расад, велат земјоделците, а се зависи од температурата и почвата.

Инаку, за добар расад според земјоделците се потребни поволни температурни услови и состојбата на влага во почвата. Важно е да се расадот да се наводнува, како и да се открива кога има сонце со цел побргу изникнување, како подоцна и развивање.

Иван Митев, М-Нет