
Основиот дел од женската ракометна суперлига заврши, сега ќе стартуваат возбудувањата од плеј-офот и плеј-аутот.
За место во плеј-оф се избори шампионот Ѓорче Петров, Чаир, Металург Автокоманда, Вардар, Куманово и екипата на Астибо од Штип.
Овие шест екипи ќе разигруваат за титула, но и за излез во Европа. Екипите на Ѓорче Петров, Чаир и Металург Автокоманда пренесуват по еден бод, бидејќи завршија на првите позиции во своите групи во регуларниот дел, а пак екипите на Вардар, Куманово и Астибо ќе имаат по нула бодови.
Во однос на плеј-аутот тука ќе разигруваат седум екипи, а по два бодови пренесуваат Пелистер, Деспина, Ѓорче Петров 2, додека пак по еден бод пренесуваат Овче Поле и Спартак, а без бодови се екипите на Стружанка и Шампион.
Со оглед на тоа дека е Суперлигата е единствена лига испаѓање нема без разлика на пласманот.
Колку за потсетување како што веќе информираше М Нет телевизија екипите на Скопје и Гевгелија се исфрлени од натпреварување, после скандалот со Куп натпреварот и постигнувањето на автоголови.
Александар Ванев, М-Нет