Започнаа тренерските оставки во Втората лига, прв Варадиновски, кој ќе биде следниот?

Со одигрувањето на баражите познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона 2026/2027 во која ќе се натпреваруваат 14 екипи.

Време многу за одмор нема да има, бидејќи ќе треба да се формираат ростерите за сезона која ќе има прволигашка конкуренција, во сезона каде целите тешко ќе се остваруваат, а некои екипи веќе остануваат и без тренери.

Прв кој поднесе тренерска оставка е штипскиот стратег Иван Варадиновски, кој го напушти кормилото на Кожуф од Гевгелија, откако младиот тренер избори опстанок со Кожуф во Втора лига, откако убедливо го доби Борец во бараж меч кој се играше во Кочани.

Варадиновски ја оствари целта со тимот од Гевгелија, а тоа беше опстанок во второлигашкото друштво, па сезоната за Кожуф успешно заврши.

По поднесената оставка Варадиновски вели дека дефинитивно комплициран период да се биде тренер на Кожуф, сепак како што дополнува големо искуство и предизвик за него како тренер, искрен во својата изјава штипскиот тренер вели дека потешко било менаџирањето на работите надвор од теренот отколку на самиот терен. Со оглед на сите околности тој смета дека опстанокот е успех и за клубот и за него како тренер.

Варадиновски испрати благодарност до играчите и сите луѓе инволвирани во клубот, посебен поздрав до навивачката група „Фантоми“ за безрезервната поддршка на сите натпревар, а на клубот му посака се најдобро во иднина.

Во следниот период не е исклучена опцијата за уште некоја тренерска смена кај второлигаши пред почетокот на летните подготовки, бидејќи за околу месец дена ќе биде означен и стартот на подготовките. Според наши информации тренерски позиции висат во неколку екипи, од повеќе фактори се размислува за промени, па останува потврда во следниот период кога би имало промени.

Следната сезона во Втора лига ќе играат поранешни шампиони на Македонија, екипи кои освојувале Купови и играле во европските квалификации, а тоа ја прави сезона да биде најсилна во второлигашка конкуренција воопшто.

Во Втора лига следната сезона ќе се натпреваруваат Охрид, Беласица, Осогово, Новаци, Детонит Плачковица, Кожуф, Тетекс, Камјани, Еуромилк ГЛ, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Пелистер и Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет