Започна уредувањето на индустриската зона во село Таринци, се најавува и нова станбена населба со 150 плацеви

Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона во село Таринци, во Општина Карбинци. На површина од околу 8.000 квадратни метри се предвидени пет градежни парцели, до кои со уредувањето ќе се обезбеди основна инфраструктура и пристап. Четири парцели се наменети за лесна индустрија, а една за мали комерцијални објекти. Парцелите во следниот период ќе бидат понудени на продажба, а од Општина Карбинци велат дека веќе постои интерес од потенцијални инвеститори.

,,Се наоѓаме на влезот на село Таринци, овде работиме кон основен степен уредување на инфраструктурата во делот на урбанистичката зона за индустрија. Ова е во рамки на урбанистичкиот план за село Таринци, каде што имаме на располагање околу 8000 м2, 5 градежни парцели кои што во следниот период ќе бидат предмет на продажба, со тоа што општината има обврска да ја изгради и уреди инфраструктурата на ова место. Денес започуваме со истата активност да овозможиме основен степен на уреденост, значи пристап до сите овие 5 градежни парцели, кои што во следниот период ќе бидат мета на продажба или предмет на оттугување. Има интерес од потенцијални купувачи, има интерес и од Општина Карбинци да се продадат заради дополнителен развој на општината во делот на незагадувачката и лесна индустрија. Има четири парцели за лена индустрија и една за мали комерцијални објекти.“, рече Паунов

Истовремено, градоначалникот Паунов најави и уредување на нова станбена населба во Таринци. На околу 10 хектари се предвидени околу 150 плацеви за домување, наменети за жителите од Карбинци и пошироко.

,,За многу скоро од сега ќе започнеме и со уредување и претпордажба на зоната за домување, тоа е поголемиот урбанистички план, кои што Карбинци го работи во изминаиот период. Се работи за околу 10 хектари површина, плацеви за домување некаде околу 150 плацеви за домување ке бидат на располагање на жителите од Карбинци и пошироко . Тоа е во непосредина близина помегу селата Таринци и Карбинци во атерот на селото Таринци. Ова е и проектот кои што беше најавен, населбата наречена Вршник по самото старо име на селото Таринци. Тоа ке биде типска населба која што ке биде многу интересна за купувачите, затоа што општината беспалтно ке додели проект за градба.“, додава Паунов

Како што подвлече градоначалникот Паунов, проектот со зоната за домување се уште е во фаза на урбанизација. Неговите очекувања се дека по првите месеци од следната година да има можност за продажба на овие парцели.

Иван Митев, М-Нет