
Започнаа активностите за реконструкција на кровот на штипската гимназија „Славчо Стојменски“. Станува збор за инвестиција вредна над пет милиони денари, финансирана од страна на Министерството за образование и наука. Кровот на гимназијата ќе се реконструира првпат откако обој објект бил изграден.
„Ова е инвестиција преку МОН, повеќе од пет милиони денари за Оптштина Штип, за образована институција како што е гимназијата „Славчо Стојменски“. Откако бил изграден овој објект никогаш кровот не бил променет. “ – вели Јорданов.
Предвидено е активностите на терен да бидат завршени летниот период, а крајниот рок е за шест месеци. Ќе се замени стариот лим, а доколку има потреба ќе се реализираат и останати градежни активности во Штип.
„Инвестицијата опфаќа проверка на постоечката носечка конструкција и промена на целиот покривен дел горе од лим. МОН во својта буџетска програма доколку се јави потреба од општината ќе одвои средства за други градежни активности“ – вели Маневски.
Со ваквите активности на терен се работи за подобрување на условите и за учениците и за наставниците, а со промената на кровот конечно ќе се стави крај на опасноста која постоеше со години наназад.
„Нескриено е задоволството затоа што конечно наата гимназија ќе го добие заслужениот кров. Се надеваме дека конечно нашето училиште ќе има уште подобри услови за работа“ – вели Ристова.
Освен во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ се работи и во неколку останати образовани институции со што се инвестира директно во образованието.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет