Започна нанесувањето на прв асфалтен слој на улиците „Асном“ и „Христијан Карпош“ во нас. Леваци во Штип

Започна нанесувањето на прв асфалтен слој на улиците Асном и Христијан Карпош во нас. Леваци во Штип. Овие улици се опфатени од проект на Општина Штип и се финнсирани од светска банка, преку ресурното министерство за траспорт и врски. Градоначалникот на општината Иван Јорданов, истакна дека паралелно со проектот се третираат и тротоарските површини и е инвестирано некаде околу девет милиони денари за реконструкција на овие две улици.

“Се наоѓаме во населба Леваци и овде денес се започнува со нанесување на прв асфалтен слој на улиците Асном и Христијан Карпош, кој што се опфатени со проект на Општина Штип и финансирани од светска банка, преку ресурното министерство за траспорт и врски. Во изминатиот месец овде се работеше на пртомена на водоводната линија, која што е инвестиција на ЈП Исар во Општина Штип. Паралелно се третираат тротоарските површини и се инвестираше некаде околу девет милиони денари во реконструкција на Асном и Христијан Карпош.“, истакна Јорданов

По подолг временски период, откако се изградени овие улици, никогаш до сега не била променета подземната инсталација, но и реконструирана инфраструктурата на нив, додава Јорданов.

“Верувам дека по подолг период откако е изградена пред повеќе од 40, 50 години, никогаш до сега не била променета подземната инсталација и никогаш не била реконструирана инфраструктурата која што се користи во оваа населба. Затоа еве фазно влегуваме, а веднаш штом ќе се заврпи со реконструкцијата, односно со асфалтирањето овие две улици, ќе се навлезе со понатамошна реконструкција со понатамошна реконструкција и на останатите улици.“, додава Јорданов

Во согласност со ситуацијата, по завршувањето на овие улици, понатаму ќе се навлезе со реконструкција и на останатите улици се со цел граѓаните да имаат подобри у поубави услови за живот.

Лаура Стојанова, М-Нет