
На местото каде порано беа старите лимени гаражи во Штип од денеска ќе се асфалтираат нови паркинг простори. Имено, со асфалтирањето на првиот од четирите паркинг простори во штипската населба Осми ноември, првиот човек на град Штип, Иван Јорданов истакна дека започнува најавената градежна офанзива.
„Од денес во аселба Осми Ноември започнуваме со асфалтирање на најавените паркинг површини на четири локации во истата населба. Станува збор за површина некаде околу три илјади метри квадратни и некаде околу три милиони денари кои се пари на граѓаните. Од денес официјално можеме да користеме асфалтна маса и со ова официјално започнува еве да кажам градежната офанзива“ – кажа Јорданов.
Истовремено, се асфалтираше и пристапна улица меѓу зградите во населба Осми Номеври, а Јорданов најави дека ќе се продолжи со асфалтирање и на други улици во градот под Исарот, вклучувајќи и поставување на втор асфалтен слој на улицата Панче Караѓозов.
Инаку, останатите лимени гаражи кои се наоѓаат на јавна површина во Општина Штип ќе се отстрануваат постепено откако прво ќе се одреди некој урбана содржина за уредување на тој простор, истакна Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет