Заев во Штип – тројката гласа за бројот три

Колаицијата „Можеме“ одржа граѓанска трибина вечерва во Штип. Беа претставени кандидатите за пратеници од Штип, како и носителот на листата пратеници во третата изборна единица, Љупчо Николовски кој истакна дека актуелната влада покажа дека за две ипол годино може да се стори многу, а 15 јули ќе биде убава потврда за тоа, но и убав ден за ВМРО ДПМНЕ кои по поразот ќе имаат можност да се реформираат и да расчистат со структурите на Никола Груевски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев потенцираше дека и покрај обвинувањата на опозицијата за Тиранска платформа, милиони бегалци и кантонизација на државата, ништо од тоа не се случи и дека владата на СДСМ ќе реализирала повеќе доколку ги немала подметнувањата на опозицијата, заради што Заев побара посилна поддршка од истокот на претстојните избори.