
Заврши тестирањето за реонски попишувачи и реонски инструктори за реон 16 односно за Општините Штип и Карбинци за претстојниот попис во државата кој ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.
„Во овие два дена се одвива тестирањето, во три темини, вчера во 10, 12 и 14 часот исто така и денеска. Од вкупно пријавените 266 кандидати по првичната селекција имаше 10 до 15% кандидати кои не ги исполнуваат условите односно или се вработени или пензионери. Само 1 кандидат се пријави дека не доаѓа на тестирање заради изолација од Ковид 19.“ – истакна Китанова.
Тестирањето на реонски попишувачи и инструктори се врши спред сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, со претходна најава дека сите кандидати треба да носат маска КН95.
Групите се направени од 42 до 45 кандидати. Тестирањето се одвиваше во салата за физичко во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Од пријавените 266 кандидати бројката на лица кои дошле и ги исполнувале условите, а истовремено и биле тестирани е околу 200 до 210, со тоа што останатите 50тина не ги исполнувале условите. Тестирањето трае 45 минути, меѓутоа тежината на прашањата е повеќе од општа култура, и секој оној кој бил заинтересиран да прочита на веб страната за законот и методологијата заврушува за 20 минути во просек. Тестовите беа спроведени во 3 групи, донесени од страна на државните инструктори. Тие треба да бидат прегледани до крајот на денот и испратени до Државниот завод за статистика, и по повторно прегледување од нивна страна ќе бидат истакнати првичните списоци. За реон 16 односно Штип и Карбинци потребни се 129 реонски попишувачи и 13 инструктори.
Лаура Стојанова М-Нет