Завршен проектот за едукација на младите во Штип и Куманово за броба против корупција

Три средни училишта, две од Куманово и СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип, беа дел од проектот за подигање на свеста кај младите кога е во прашање корупцијата и нејзиното откривање. За таа цел беа направени анкети прашалници поделени на 160 млади лица на возраст од 15 до 18 години. Истите беа и анализирани.

Целта на проектот е подигање на свеста кај младите, преку зајакнување на нивните знаења во борабата против корупција и судир на интерси. Во склоп на ова се органзираа посети на институции, работилници, ликовен конкурс.

„Имавме посета на институции, како народниот правобранител во Штип и Куманово и заеднички органзииравме една посета на комисијата за заштита од корупција во Скопје. Организиравме вкупно четири работилници против корупција. Имавме и ликовен конкурс“ – вели Адемов.

Проектот помогна да се отвори темата за корупција со младите и од спроведените активности на терен изминатите девет месеци се забележани низа придобивки.

„Ги мотивиравме младите пред сѐ институциите за подобра соработка, да можат младите да ги пријавуваат ваквите случаеви. Ја подигнавме свеста кај младите за корупција. Сметаме дека има поголеми моралните вредности кај младите и стекната поголема самодоверба“ – додава Адемов.

Проектот е спорведен од страна на Центарот за Ромска заедница ДРОМ, во соработка со здружението за мултиетничко општество а човеков права Штип. Поддржан е и финансиран од страна на Европската унија.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-НЕТ