
Ванчо Ристов од Штип е еден од малкумината чевлари во градот. Цел работен век тој го помиува поправајќи чевли, но како што вели во денешно време се носат се помалку, За лепење, шиење или на поправка чевли носат пред се повозрасните, а ова не е пракса за помладите генерации. Како што вели Ристов занаетот е делумно тежок, но за еден добар живот има.
„Не е лесно, зависи што работа е. Секоја работа си има своја тежина. Исплатливо е за опастанок, да живееш, за печалка нема. Кондури, сандали, влечки, се што се носи за поправка, се се поправа. “ – вели Ристов.
Ама и овој како и многу други стари занаети заминуваат во историјата, се става клуч на врата, дуќаните остануваат празни, а машините се оставаат на забот на времето. Причина е што нема кој да продолжи да се занимава со вакви занаети. Иако е добро опремен, со машини за работа, сепак вели може да работи уште една година, а потоа нема кој да го наследи.
„Овој занает изумира, нема кој да работи, младите не сакаат да работат. Еве и јас ако работа уште една година, нема да е повеќе.
Ристов занаетот го учи на млади години, работи како мајстор во приватни компании во Штип и Кочани, за пред повеќе од една деценија сам да го отвори дуќанот во кој работи сега. Благодарение на овој занает Ристов живеел, и заминува во пензија.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет