За прв пат 29 годишниот Јован Јованов го извади светиот крст од водите на реката Брегалница во нас. Осми Ноември Штип

За прв пат 29 годишниот Јован Јованов од Штип, денес го извдаи светиот крст од водите на река Брегалница во населбата Осми Ноември во Штип. Скока неколку години по ред, но ова за него е првпат да го фати крстот. Татко е на две деца, вработен, а пред камерите на медиумите поска здравје, сречќа, многу бериќет. Редици граѓани го бакнаа светиот крст и со него се поздравија со изреката Бог се јави, навистина се јави.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици, на православните верници и на оние кои влегоа денеска во водите на реката Брегалница им посака здравје, радост, бериќет во нивните семејства.

Во река Брегалница годинава скокнаа рекорден број верници по светиот крст.

Јованов како и годините претходно доби погодни подароци од Брегалничката епархија, од Општина Штип како и од општествено одговорни компании.

Иван Митев, М-Нет