За најважните проекти не се потребни пари – вака Јорданов и ВМРО ДПМНЕ ја започнаа изборната кампања

Дигитална општина, многу вложувања во инфраструктурата, водоводната линија, образованието се дел од проектите со кои ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник во Штип, Иван Јорданов ја започнаа изборната кампања. Според нив за дел од проектите не се потребни финансиски средства туку љубов, желба, енергија и визија кон позитивни промени.

„Прв проект ќе биде оној проект кој не бара финансиски средства, а тоа е да го подобриме пристапот кон нашите сограѓани, начинот на кој што општината ќе функционира, реорганизацијата на институциите под Локална самоуправа, јавните претпријатија и општинската администрација да бидат сервиз кон граѓаните“ – истакна Јорданов.

Подобар живот за младите, но и за повозрасните, многу зелени површини се дел од десете основни столбови кои се најдоа во програмата на ВМРО ДПМНЕ. Истовремено, Јорданов упати апел и до другите политички партии но и до граѓаните промената која сакаат да ја видат во нивниот град да ја напишат на страницата на Нова иднина за Штип.мк.

Јорданов истакна дека градоначалникот треба да му служи на народот и тој и неговиот тим се подготвени за тоа, додавајќи дека на Штип му е потребен нормален градоначалник.

Лаура Стојанова М-Нет