
За една недела треба да започне вакцинацијата против овчата сипаница во Македонија. Вакцината, која е донација од Европската Унија, ќе биде бесплатна за сточарите, а според најавите, нема да има забрана за извоз на јагнешкото месо. Агенцијата за храна и ветеринарство веќе подготвува план за вакцинација на државно ниво, информираше за М-НЕТ телевизија Насер Џемаили, претседател на Асоцијацијата на одгледувачи на овци.
,,Вчера имавме состанок со министерот за земјоделие, директорот на АХВ, каде што не известија дека вакцинаијата ќе почне за една недела најкасно и АХВ праве план за вакцинација на државно ниво. Вакцината ќе биде бесплатно за сточарите и најбитно е што нема да имаме забрана за извос на јагнешкото месо. Да, сега два дена ќе има испитување на таа вакцина, така ни рекоа една недела ќе оди целиот процес додека започне. Вакцината е донација од ЕУ.“, вели Џемаили
Сточарите веќе ги пријавуваат стадата кај кои има симптоми на овчи сипаници. Пред почетокот на вакцинацијата, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги информира одгледувачите за постапката и начинот на пријавување преку ветеринарните друштва.
,,Веќе сите пријавуваат кои што имаат стада со симптоми, но за пријавувањето ние ќе ги известиме пак, пред да пристигне вакцината. Ќе ги известиме преку ветеринарните друштва, АХВ пред да почнат со вакцинација, ќе направат план и ќе ги известат.“, додава Џемаили
Како што информираат од Асоцијацијата, иако малку покасно, сепак вакцинацијата се избориле да биде спроведена во државата, со цел се заштитат останатите стада во истокот. Во западниот дел како што велат, засега нема заболувања од овча сипаница.
Иван Митев, М-Нет