
За две недели се очекува новоселци да добијат нов,модерен, уреден парк. Моментално интезивно се работи на уредување на истиот кој ќе биде поразличен од досегашните паркови, со реквизити за најмалите, но и можност за одмор за повозрасните. Паркот ќе биде уреден од двете страна на сегашното игралиште, веднаш под црквата св. Спас.
„Повеќе од две недели се наоѓаме на овој простор под црквата Св. Спас. Веќе е во завршна фаза е изградбата на современ парк каде што и жителите од овој дел на градот ќе имаат можност да ги користат овие убавини. Вие гледате дека еден дел од паркот е веќе поставен, но сега одиме во таа завршна форма каде што и овие еден вид бекатон плочки ќе бидат поставени“ – истакна Коцев.
Дел од дрворедот веќе е поставен, а се работи и дополнително на целосно завршување на истиот. Посеана е и трева која се очекува да почне да се забележува за недела дена, доколку посложат и временските услови.
Просторот околку игралиштето во Ново село до сега не беше уреден освен што имаше поставено реквизити за везбање. Сега за прв се прави ново, модерно катче и за овдешните жители во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет