
Фудбалот денеска не беше само игра – беше сеќавање, емоција и почит. На Градскиот стадион во Кавадарци, во чест на прерано загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, екипите на ГФК Тиквеш и Работнички одиграа меморијален натпревар кој засекогаш ќе остане запишан во срцата на присутните.
Во атмосфера исполнета со тишина, аплаузи и солзи, фудбалерите и публиката заедно му оддадоа почит на Андреј – момче кое го носеше фудбалот во срцето и остави трага во двата клуба.
Натпреварот заврши со резултат 4:2, но резултатот денеска беше во втор план. Поважна беше пораката – дека Андреј не е заборавен и дека неговиот дух живее преку фудбалот и луѓето кои го сакаа.

Со секој пас, секој гол и секој аплауз, теренот во Кавадарци беше сведок на едно силно заедништво. Соиграчите, пријателите и навивачите уште еднаш покажаа дека фудбалот знае да обедини кога е најтешко.
Андреј Лазаров беше дел од ГФК Тиквеш и Работнички, но пред сè беше човек кој остави неизбришлива трага меѓу луѓето околу себе.
Денеска не се играше само фудбал – денеска се играше за Андреј.