
За 8,8% се намалени откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем пад е регистриран кај откупот од индивидуалните земјоделски производители, кој е намален за 13,5 проценти, додека продажбата на производи од сопствено производство бележи намалување од 3,7 проценти. И земјоделците на пазарот велат дека се принудени да ги нудат производите по ниски цени за да го продадат родот, но и покрај тоа, купувачи тешко наоѓаат.
И податоците и производителите покажуваат дека земјоделскиот пазар во третото тримесечје од годинава остварил послаб промет во однос на истиот период од 2025 година, а со ова дополнително се отвора прашањето за сигурниот пласман на домашното земјоделско производство.
Ева Тушевска, М-Нет