За 23 дена регистрирани околу 200 случаи слични на грип во штипскиот регион

За 23 дена регистрирани речиси 200 случаи слични на грип во штипскиот регион. Од 20 тата недела од претходнта година или од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип. Најмногу случаи се регистрирани од почетокот на јануари до денеска и оваа бројка изнесува 195 случаи. Таа посочи дека околу 70 посто од пациентите се од детската популација, односно од 0 до 14 години.

Имаме и неколку случаи на грип, кои се лабарториски потврдени и станува збор за инфлуенца тип А, ноимаи заинтересираност од страна на граѓаните за измунизација. Дневно по околу пет пациенти од ризични групи, односно повозрасната популација со хронични заболувања доаѓаат во пунктот, за да се имунизираат“ – вели Живкова.

Дека грипот зема замав сведочат и полните амбуланти во Штип, но и цела држава. Висока температура, кашлица, малаксаност се најчестите симптоми кои ги има кај пациентите.

Лекарите советуваат пациентите со хронични болести навремено и редовно даја примаат терапијата, како и да водат грижа за сопственото здравје. Ова се однесува и за сите останати граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет