Жолтите таблички стануваат заштитен знак на легалните такси возила

Такси возила со жолти таблички веќе може да се забележат по улиците во Општина Штип. Дел од возилата се препознаваат по табличките, а тоа е целта на такси превозниците, да може да бидат претпознатливи дека се легални лиценцирани такси превозници. Истовремено, и патниците ќе бидат по безбедни. Ова е решение и за проблемот со таканаречените диви аксисти бидејќи како што истакна Глигор Арсов претседател на Такси 2003 Штип претходно за нив немало законско решение по кое би можеле да одговараат.

„Секој кој планира, мисли да се занимава професионално со оваа работа и да инвестира поголеми финансиски средства да има некоја гаранција и сигурност. Од друга страна тие гарантираат сигурност за сите нас, нема да може никој така наречен див или нелегален таксист да копира нешто, ни бојата бидејќи немаше некои соодветни санкции и немаше соодветен Закон за тоа, додека веќе копирањето или копирањето или недозволен ставање на такви таблици веќе подлежи на кривична одговорност“ – кажа Глигор Арсов, Претседател на здружнието „Такси 2003“

Такси возилата да се препознаваат по жолтите таблички е одлука која стапи на сила на 1 октомври годинава, а ќе трае сигурно цела година, бидејќи како што истана Арсов потребна е процедура за промена на табличките. Ова важи за сите општини не само за Штип.

Решение за проблемите на легалните таксисти се барало уште многу оддамна. Со вооведувањето на жолти таблички Арсов се надева дека ова ќе функционира во иднина.

Лаура Стојанова М-Нет