Брегалница со убедлива победа над Охрид се пласира во следната куп – фаза

Фудбалерите на Брегалница денес на „градски“ одиграа релативно релаксирано, со комбиниран тим и извојуваа висока победа во рамките од осмина – финалето од Купот на Македонија. Екипата на Охрид немаше што да бара во Штип, но сепак со чесна, фер и коректна игра се опростија од понатамошна Куп – фаза. Брегалница постигна 4 голови а во водство од 1:0 дојде во 35 м. со голот што го постигна Милан Џокиќ. Иако имаше и други можности сепак на полувреме се отиде со овој резултат. Во второто полувремe дојде до озвежување на двета екипи, влегоа повеќемина играчи и имаше поинтересен тек на играта. Во 57 м. по еден сосема непотребен гест капитенот на Брегалница Јован Манев заработи втор жолт картон што значеше автоматски црвен и ги остави колегите во неизвесност. Но сето тоа траеше 2 минути, Брегалница во водство од 2:0 дојде во 59 м. по едно недоразбирање со голманот на гостите Тауловски, штоперот Дарко Цветановски си постигна автогол. Третиот гол за Брегалница беше исклучително важен, радостен и поздравен од сите присутни, и играчи и гледачи. Само што влезе во игра Андреј Кудијан во првиот контакт со топката постигна гол за веќе убедливи 3:0. На подготовките на Златибор Кудијан се повреди, отсуствуваше 10 првенствени кола и ова му беше прв натпревар и тоа зачинет со гол. Кудијан имаше уште неколку шанси за постигнување на гол, но одбранбените играчи во последен момент спасуваа скоро сигурни голови. Конечниот резултат Брегалница – Охрид Лихнидос 4:0 го постави Мартин Стојанов на одлична асистенција од Михаил Маневски во последната 90 м. Победа на Брегалница за понатамошен пласман во чевтрт финале на Македонскиот куп. Судиската четворка на чело со Доне Ристовско од Гевгелија одлично го водеше овој натпревар. Еве ги комплетните резултати од денешните осмина – финални куп – натпревари:

  1. Брегалница – Охрид Л 4:0
  2. Струга ТЛ – Борец 1:1 на пенали оди понатаму Струга ТЛ
  3. А. Пандев – Македонија ЃП 1:1 на пенали Мак.ЃП
  4. Шкендија – Ренова 5:0
  5. Беласица – Силекс 2:4
  6. Пелистер – Работнички 0:0 на пенали Пелистер
  7. Вардар – Скопје 0:0 на пенали Вардар
  8. Шкупи – Тиквеш 1:0

Се играше на еден натпревар, без реванш и сите победници продолжуваат во следнатa четврт – финална куп – фаза.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk