Жителите од с.Шашаварлија немале вода една недела, според нив надлежните на терен само за избори

„Да видат каква вода пиеме, за каква вода плаќаме.“

По недела дена жителите од село Шашаварлија штипско немаат вода за пиење, кога ја имаат е нечиста. Во 21 век се оставени без основниот услов за живот, стравуваат дека и ова лето ситуацијата ќе биде интенична како и многу претходни. Реагирале до надлежните ама решение на виделина се уште нема. Дополнително вентилот за вода е расипан, водата наместо до чешмите завршува во шахта. Ветувања многу, ама на терен сликата многу поинаква.

„Уште од лани е пријавено во ЈП Исар, никако не преземат мерки. Шахтата е полна со вода, тече губе се водата, времето сушно, а никој не презема ништо.“ – вели Зекир

Надлежните ветиле дека ќе ископаат бунар со што ќе се реши проблемот со водоснабдувањето. Нема бунар па жителите самостојно се снаоѓаат за да добијат вода. Малкумината кои биле во можност ископале бунар сами за што платиле огромни финансиски средства.

„Ветија бунар, бушотина, да имаме вода, миту бушија, ниту дојдоа да видат каква е состојбата на терен. Чешмата пола тече во јалко.“ – вели Османов.

Со туби вода пунат за да може да преживеат. Разочарни потенцираат дека надлежните овде се само за пари или за избори.

„Тешко е, ама нема што да правиме. Обеќа ни градоначалникот, ама еве не е ни стапнал.“

Од ЈП Исар во врска со ситуацијата истакнаа дека кај нив пријава не пристигнала.

„До денес во ЈП Исар нема пријава за прекин на водоснабдувањето во село Шашаварлија. Во однос на квалитетот на водата согласно законските прописи квартално се врши основна анализа на водата во овластена институција и сите досегашни анализи се хемиски и бактериолошки исправни и одговараат согласно Правилникот за безбедност на водата.“ – велат од ЈП Исар.

Од таму потенцираат дека жителите ако имаат проблеми треба да пијават во претпријатието.

Лаура Стојанова М-Нет