Жешки цени на средина октомври на штипскиот пазар, граѓаните со последни подготовки за зимница

Жешки цени на средина октомври на пазарот во Штип, граѓаните со последни подготовки за претстојната зима. Иако врнежлив ден, сепак побарувачката и овој петок голема. Најмногу се купуваше пиперот и зелениот домат, но и карфиолот, кој граѓаните го ставаат за во туршија. Велат иако цените се за нив скапи, сепак мора да се јаде.

Од побарувачката задоволни и продавачите, велат пополека се продаваат последните производи за зимница.

Инаку, овој петок се продаваше и корнишни, брокула и цвекло, производи исто потребни за зимница. Иако денот беше врнежлив, сепак граѓаните уште рано беа на пазарот во потрага по свежи продукти.

Иван Митев, М-Нет