
Женскиот ракометен клуб Куманово за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата се засили со три ракометарки. Официјална промоција во клубот следуваше на Росана Павлова, Мила Мемов и Ангела Шехтанска, кои во пакет пристигнаа од Скопје.
Павлова игра на позицијата десно кривло, станува збор за перспективна ракометарка, која е член на младинската репрезентација на Македонија.
Мемов го засилува Куманово на позицијата лево крило и ќе биде големо освежување во тимот предводен од Славиша Димитријески.
Шехтанска игра како среден бек, потекнува од школата на Вардар, а со кадетската екипа на Вардар во сезона 2023/2024 ја има освоено шампионската титула во домашното првенство и се очекува да биде големо засилување за Куманово за вториот дел од сезоната.
Куманово во плеј-офот ремизираше со Вардар играјќи 25:25, а загуби од Чаир со 31:26, додека пак вториот дел го отвара дома против Металург Автокоманда.
Александар Ванев, М-Нет