Женската одбојкарска репрезентација на Македонија на подготовки во Маврово за квалификациите за ЕП 2026

Во Маврово на собир е и женската одбојкарска репрезентација на Македнија, која како и машката во август ќе одигра два квалификациски натпревари за Европското првенство 2026 година.

Нашата примачка Тамара Стојанова вели дека целта е да ја надградат играта во споредба со претходните натпреварувања.

Коректораката Антонија Баталаковска се надева Македонија може да одигра добро против Австрија и против Грција.

Македонската женска одбојкарска репрезентација првиот натпревар го игра со Австрија на свој терен, а потоа следува мечот со Грција на гостински терен.

Александар Ванев, М-Нет