
Женската А репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора, натпревар кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првата контролна средба ќе се одигар на 30. ноември со почеток од 13 часот, додека пак втората контролка е закажана за 3. декември од 12 часот.
Селекторот на женската македонската репрезентација, Александар Андов на голманската позиција ги повика Берна Кабакчи, Викторија Панчурова и Кристина Павлоска.
Во одбраната се повикани Ана Милчевска, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Викторија Недева, Сара Коларовска, Теона Галабовска, Елена Панеска и Бојана Петкова.
Во средниот ред се Меланија Гроздановска, Стефанија Маринковска, Хава Мустафа, Александра Маркоска, Симона Мајер, Ленче Андрееска, Ихмети Лимани и Наташа Андонова.
Во нападот се Јилза Максути, Гентијана Рочи, Лора Сулејмани и Билјана Паневска.
Со овие фудбалерки нашата репрезентација ќе ги одигра двата контролни натпреварит против селекцијата на Црна Гора.
Александар Ванев, М-Нет