
Да не се молчи за семејното насилство, да не се трпат ударите врз жените и да не се потиснуваат емоциите, да се побара стручна психолошка помош и разговор со психолог. Како што вели психологот Катерина Дојчинова неопходно е да се надминат предрасудите, стравот од осуда и таканаречениот балкански менталитет, според кој проблемите треба да се трпат, а покажувањето емоции и барањето помош се сметаат за слабост.
,,Не би рекла дека банканскиот менталитет е една единствена психолошка категорија, така да го кажам, меѓутоа дека има влијание врз начинот на кој го доживуваме барањето на психолошка и стручна психијатриска помош има. Би тргнала од тоа дека она прво потиснувањето на емоциите, издржи, биди силен, слабост е да се плаче, слабост е да се покаже емоција имат особено влијание кај помладите ако се на тој начин воспитувани, во рамките на тој балкански менталитет. Потоа барањето на помош се доживува исто како слабост, како осуда, се плашат од стигматизација, почнуваат да се чувствуваат несигурно заради тоа што бараат помош, не знаејќи дека баш тоа би им помогнало да ја зголемат и самодовербата и да научат да функционираат во денешното општество“ рече Дојчинова
Граѓаните посочуваат дека за разлика од порано, кога жените биле принудени да молчат и да трпат, денеска сè повеќе се охрабруваат да проговорат за насилството и да го пријават.
Инаку, денеска се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Според статистиката на МВР, во период од 10 месеци годинава се регистрирани 1.897 случаи на семејно насилство, наспроти 1.125 во истиот период лани, што претставува зголемување од 70 проценти.
Eва Тушевска, М-Нет