Ждрепката од поразените одлучи: Новаци и Осогово нови второлигаши, Влазерими „извиси“ и останува третолигаш

фото: м нет телевизија

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со ждрепка од трите поразени екипи беа извлече две екипи кои ќе ги пополнат последните две места во Втората македонска фудбалска лига за следната сезона.

Па така, Новаци и Осогово се нови второлигаши, додека пак Влазерими е во „аут“ и следната сезона одново ќе игра во Трета лига – Запад.

Новаци по 1:1 во регуларниот дел со Вардар Неготино, беше поразен во пенал-рулетот во бараж мечот, а пак Осогово кој беше декласиран со 1:6 од Тетекс, како најслаб тим во баражот преку ждрепката се врати во Втора лига по една сезона. Влазерими кој загуби од Башкими со 3:0 останува во третолигашкото друштво на Запад и следната сезона.