Еурофарм Пелистер 2 го промовираше Иван Велески, Никола Цветаноски промовиран во Ајдовшчина

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Повратникот во ракометната Суперлига екипата на Еурофарм Пелистер 2 за новата сезона го промовираше кружниот напаѓач Иван Велески.

Новото засилување стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот тим, а 17-годишникот го потпиша својот прв професионален договор. Станува збор за корпулентно момче, високо 190 сантиметри, а кое се истакна во младинскиот шампионат на Македонија, а сега ќе ги направи своите почетоци и во сениорскиот ракомет.

Македонскиот ракометар Никола Цветкоски се одлучи кариерата да ја продолжи во странство, откако го напушти Прилеп. Тој денес беше промовиран во дресот на словенечкиот клуб Ајдовшчина.

За Цветкоски ова ќе биде прва странска авантура, откако претходно настапуваше во македонскиот шампионат за екипата на Струга, Голден Арт, Вардар Јуниор и последно за Прилеп.

Александар Ванев, М-Нет