
Тетовска Шкендија денес го промовираше Енур Тотре како старо-ново засилување за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Торте се враќа во Тетово по година и пол и одново ќе игра во македонскиот шампионат. 26-годишниот играч за врска во Шкендија ќе остане до крајот на сезоната како позајмен играч од Ворскла Полтава.
Торте, кој потекнува од школата на Шкендија ќе биде големо засилување за Шкендија која во пролетниот дел ќе се обиде да го нападне првото место на кое се наоѓа Струга Трим Љум.