Енис Барди ја потопи Ерменија за висока победа на Македонија

Селекцијата на Македонија на изненадување на сите оствари голема и висока победа против Ерменија на нивни терен. Македонија победи со резултат од 5:0 (2:0) а стрелци на головите беа Енис Барди кој постигна 3 гола, Александар Трајковски и Кире Ристевски кои постигнаа по еден гол. Со оваа победа и новите 3 бода Македонија засега се наоѓа на второто место со 15 бодови и вечерва ќе се очекува резултатот од средбата Романија – Исланд. Инаку Романија засега е на третото место со 13 бодови. До крајот на квалификациите останува де се одигра уште едно коло во кое Македонија во недела ќе биде домакин на Исланд а Романија ќе гостува на Лихтенштајн. Сигурен патник за Катар од оваа „ Ј “ група е репрезентацијата на Германија која е прва со засега освоени 21 бод.

Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk