Емил Павлов исполни норма за учество на Европските игри 2023 во Полска!

Емил Павлов официјално исполни норма за учество на Европските игри 2023 во Полска. Тој е единствен македонски каратист со трето учество на Европски игри. Според Емил Павлов, голема чест и привилегија е да има можност по трети пат во низа на Европски игри да ја претставува Македонија на највисоко ниво!
Тој изрази голема благодарност до сите кои веруваат во него и на поддршката за исполнување на оваа норма.